Помош за интернет продавницата
ИНФОРМАЦИИ
Guidance on Web Shop Usage
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Купување во интернет продавницата
Набавката на производите и услугите се врши со додавање во кошничката. Под секој производ или услуга објавени на интернет продавницата има копче со помош на кое може тој производ да се додаде во кошничката за купување. По додавање на сите потребни производи и услуги се кликнува врз кошничката во горниот десен агол, се избира начинот на доставување и се кликнува на ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА.
Со претходна телефонска проверка или комуникација со нас со е-mail порака или по системите за инстант пораки, можете да ги појасните деталите за нарачката и да Ви дадеме дополнителна асистенција за производите и услугите коишто Ви се потребни. На овој начин се намалува ризикот за потребата од враќање на производите и се осигурува корисникот да добие соодветна квалитетна услуга
Начини на плаќање
Нудиме повеќе начини на плаќање при користењето на интернет продавницата.
(1) Најзастапениот и најбрз начин на плаќање е со платежна картичка којашто е прифатена од македонските деловни банки, од брендовите MasterCard Worldwide и Visa International. Во поглед на техничките и безбедносните аспекти, се користи 3D Secure технологијата, развиена од страна на наведените меѓународни платни системи, познати како Verified by Visa и MasterCard Secure Code. Во моментот на вршење на плаќање интернет продавницата Ве пренасочува на заштитена интернет страница на Касис cPay, на која што се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. Согласно ваквиот принцип на авторизирање на плаќањето Нитро компјутери нема пристап до доверливите податоци за картичката, со што во потполност се заштитени Вашите лични податоци.
(2) Друг начин на плаќање е со издавање на про-фактура за плаќање на избраните производи и услуги. На е-поштата што ќе ја наведете, по потврдувањето на плаќањето добивате про-фактура за уплата, којашто можете да ја платите со уплатница ПП30 на шалтер или преку Вашата апликација за еBanking / mBanking.
Нарачката се смета за потврдена ако ја платите веднаш со платежна картичка или ако про-фактурата ја платите во рок од 3 дена од нарачувањето.
(3) Третиот начин на плаќање е лично, при доставување на производите на Вашата врата или во физичките продавници, ако самите ги подигате. Резервацијата на нарачаните производи при подигање од продавницата трае 3 дена од нарачувањето, освен ако не се договориме поинаку, преку телефонска, email комуникација или програмите за инстант пораки.